Битола има двојно помалку фирми отколку општина Центар

Bez autora
Jul 01 2014

Во Битола се регистрирани двојно помалку компании отколку во скопската општина Центар, односно по број има приближно исто фирми колку скопската општина Kарпош. Рекордер по бројот на фирми регистрирани за земјоделство, шумарство и рибарство е општина Свети Николе, која е подобра од места што се сметаат за типично земјоделски. Ова го покажува анализата на податоците на Државниот завод за статистика за активните деловни субјекти во земјава во 2013 година. Податоците покажуваат дека покрај стандардните дејности, преработувачка индустрија и трговија на големо и мало, во кои вообичаено има најмногу регистрирани фирми во земјава, секој град има свои специфични струки по кои се препознава.

Битола има двојно помалку фирми отколку општина ЦентарВо Битола се регистрирани двојно помалку компании отколку во скопската општина Центар, односно по број има приближно исто фирми колку скопската општина Kарпош. Рекордер по бројот на фирми регистрирани за земјоделство, шумарство и рибарство е општина Свети Николе, која е подобра од места што се сметаат за типично земјоделски.

Ова го покажува анализата на податоците на Државниот завод за статистика за активните деловни субјекти во земјава во 2013 година.

Податоците покажуваат дека покрај стандардните дејности, преработувачка индустрија и трговија на големо и мало, во кои вообичаено има најмногу регистрирани фирми во земјава, секој град има свои специфични струки по кои се препознава. Така, тетовци од скоро време почнале да напредуваат во дејноста информации и комуникации, за Битола и скопската општина Центар специфично е дека изобилуваат со фирми за уметност, забава и рекреација, а охриѓани традиционално отвораат с` поголем број објекти за сместување и сервисни дејности.

Повеќе фирми, побогата општина

Поголем број успешни компании стационирани во една општина, значи поголем економски развој на таа општина, бидејќи дел од парите што ги одвојуваат компании завршуваат во буџетите на општините. Затоа колку повеќе фирми, толку побогата општина, имајќи предвид дека компаниите најчесто донираат и за доброто на општините.

Статистичките податоци покажуваат дека лани во земјава имало вкупно 71.290 активни деловни субјекти, од кои секоја трета била стационирана во главниот град Скопје (25.585). Другите поголеми градови во земјава имаат во просек по околу 3.000 компании, а најмалку отворени фирми има во Старо Нагоричаино и Лозово, по околу 50.

По дејности имаме вкупно 25.429 компании во трговијата на големо и мало, 7.918 во секторот преработувачка индустрија, 6.095 во дејноста транспорт и складирање, 5.817 во стручни, научни и технички дејности, потоа 4.482 фирми во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 4.322 во градежништвото. Во земјава расте бројот и на компаниите од дејности за здравствена и социјална заштита (3.315), земјоделство, шумарство и рибарство (2.866), информации и комуникации (1.446), како и образование (1.025), а во дејноста снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (132) и рударство и вадење камен (164) има најмал број фирми во земјава.

Врвулица од фирми

Скопските општини можат да се пофалат дека се најбогати со фирми во однос на другите општини во земјава. Така општина Центар е прва на листата со 6.840 фирми, од кои интересно е дека се распрскани во многу дејности. Најголем број од нив сепак се во дејноста трговија на големо и мало (1.646), стручни, научни и технички дејности (1.320) преработувачка индустрија (423), но има многу и градежни фирми (345 ), над 330 компании има и од здравствена и социјална дејност, информации и комуникации, административни и услужни помошни дејности, а има дури 135 фирми од дејности во врска со недвижности. Со дејност рударство и вадење камен има 33 компании.

И другите скопските општини - Аеродром, Kарпош, Гази Баба и Kисела Вода доминираат по бројот на фирмите. Сите имаат над 3.000, колку што имаат поголемите градови низ земјава. Во Гази Баба има најмногу фирми за транспорт и складирање (410). Во Kарпош доминираат и компании од дејноста стручни, научни и технички дејности (502), но и градежни компании (291). Kарпош и Аеродром во споредба со другите скопски општини предничат и по бројот на здравствените ординации.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik